Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Конечно се врати Хамбарџумјан

Конечно се врати Хамбарџумјан

fkv-hofВчера ФК Вардар стигна до многу важна победа. Со голот на Фелипе и официјално Вардар стана старо – нов есенски шампион на Македонија. Иако во тимот недостасуваа казнетите Попов и Којашевиќ, сепак, Вардар дојде до големи три бода од ова тешко гостување.

На вчерашниот натпревар конечно заигра и нашиот играч Хамбарџумјан. Ховханес Хамбарџумјан поради повреда отсуствуваше од терените два месеци, но, повредата веќе е минато и нашиот играч веќе влезе во натпреварувачки ритам. Хоф во игра влезе во 65 минута и одлично си ја заврши својата задача. Го очекуваме нашиот играч во уште по добра форма како одминува времето.