Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати конечните термини и саатници на одигрување натревари за ЖРК Вардар во новоформираната група 1 од ЛШ
Познати конечните термини и саатници на одигрување натревари за ЖРК Вардар во новоформираната група 1 од ЛШ

Познати конечните термини и саатници на одигрување натревари за ЖРК Вардар во новоформираната група 1 од ЛШ

Веќе се одредени конечните термини и саатници на одигрување натпревари за екипата на ЖРК Вардар во главната групна фаза. Нашиот шампион вкрсти со првите три пласирани екипи од групата А и заедно ќе ја сочинуваат групата 1, каде првите четири пласирани екипи ќе обезбедат пласман во четврфиналето. Покрај Вардар, ФТЦ и Астраханочка дел од оваа група ќе бидат уште и поранешниот европски шампион, екипата на Будуќност, потоа Турингер (Германија) и Мец (Франција).  Во оваа група црвено-црните ќе тргнат од првото место со 7 освоени бодови, кои ги пренесуваат од првата група, додека втор е тимот на Будуќност со 6 бодови.

Првото коло во оваа новоформирана група ќе се одигра дури на 29-ти јануари следната година и тоа на гостиснки терен против Будуќност. Во недела започнува европското ракометно првенство во Шведска, на кое ќе настапат и осум девојки од нашиот шампион. Интересно е што сите домашни мечеви во Јане Сандански ќе започнуваат од 17:30 часот. Првиот дуел пред својата публика го играме на 4-ти февруари против Француски Мец.

Сите термини и саатници во групата 1 за Вардар:

29.01.2017 Будуќност – Вардар (19,30 ч.)
04.02.2017 Вардар – Мец (17,30 ч.)
12.02.2017 Турингер - Вардар (14 ч.)
26.02.2017 Вардар – Будуќност (17,30 ч.)
05.03.2017 Мец - Вардар (15 ч.)
11.03.2017 Вардар – Турингер (17,30 ч.)