Десет победи, еден пораз и без ниту еден нерешен резултат е епилогот за младинците на ФК Вардар по завршување на есенскиот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски се есенски шампиони, со два бода повеќе од нивниот најголем и единствен конкурент, екипата на Шкендија. Имаме убедливо најефикасен напад во лигата со 34 постигнати голови и најдобра одбрана со само 5 примени погодоци. Девет последователни првенствени победи беше серијата за црвено-црните се до препоследното есенско коло кога го доживеавме единствениот пораз во овој дел од сезоната. Екипата на Шкупи беше единствената која успеа на крајот да излезе како победник со нашиот состав. На претходните мечеви немавме големи проблеми, а голем дел од нив ги добивме со убедлив резултат. Во три последователни меча ги игравме дерби натпреварите со екипите на Работнички, Металург и Шкендија и сите завршија во наша корист. По осум одиграни кола нашиот голман Филип Трајчевски прими само два гола, што говори за нашата супериорност во есенскиот дел, кој го завршивме со триумф на домашен терен во дуелот со Ренова.
Ова се сите резултати на младинците во есенскиот дел од сезоната.
1 коло: Вардар – А.Пандев 1:0
2 коло: Пелистер – Вардар 1:3
3 коло: Вардар – Милано 3:0
4 коло: Победа - Вардар 1:4
5 коло: Вардар - Брегалница 3:0.
6 коло: Гостивар – Вардар 0:7
7 коло: Вардар – Работнички 1:0
8 коло: Металург – Вардар 0:5
9 коло: Вардар – Шкендија 3:2
10 коло: Шкупи – Вардар 1:о
11 коло: Вардар -Ренова 5:0
Се пласиравме и во полуфиналето на купот, каде во осминафиналето ја “исфрливме“ Шкендија, со еден единствен гол дело на Александар Најдоски. Во четвртфиналниот двомеч немавме никакви проблеми и со две високи победи ја елимиравме Ренова.
Куп 1/8 Вардар – Шкендија 1:0
Куп 1/4 Вардар – Ренова 4:0
Куп 1/4 Ренова – Вардар 2:3
Најдобри стрелци во двете натпреварувања на екипата се Александар Најдоски и Ердон Даци, кои имаат постигнато по 8 голови. Вака изгледа листата на стрелци кај младинците, во обзир се земаат головите во лигата и купот.
1. Александар Најдоски 8
2. Ердон Даци 8
3. Есмин Личина 5
4. Виктор Димков 4
5. Јасир Беќири 3
6. Дарко Додевски 3
7. Едис Хамзиќ 3
8. Теодор Димитровски 2
9. Оливер Дишлиевски 1
10. Ристо Папуџиев 1
11. Андреј Ричков 1
12. Берат Исмаил 1
12. Филип Стојчевски 1
За прв пат во историјата на македонскиот фудбал една младинска екипа беше дел од лигата на шампионите. Вардарци ја имаа можноста први да го почуствуваат најголемото фудбалско натпреварување, каде одиграа два натпревари со екипата на Салцбург. Истите шампионот на Австрија ги доби убедливо во своја корист.