Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > 90 минути за Хамбарџумјан против Чешка

90 минути за Хамбарџумјан против Чешка

Вчера контролна средба одиграа репрезентациите на Чешка и Ерменија. Во стартните 11-мина на селекторот на Ерменија беше и нашиот бек Хофханес Хамбарџумјан. Хамбарџумјан ги одигра сите 90 минути, но селекцијата на Ерменија загуби убедливо,  и тоа со резултат 3-0 (2-0).

Селекцијата на Ерменија во недела ќе го има она вистинското, во првото коло од новиот циклус квалификации против селекцијата на Данска на гостински терен. Очекуваме и на тој натпревар, Хоф да биде во почетниот тим на Ерменија и да им значајна улога во тимот.