Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. ”2004” во полуфиналето, генер. ”2003” ќе игра за 5 место

Вардар генер. ”2004” во полуфиналето, генер. ”2003” ќе игра за 5 место

Денеска во Благоевград Бугарија генерациите 2003 и 2004 на ФК Вардар одиграа нови натпревари. Генерацијата 2003 одигра два натпревари. На едниот одигравме со Академија Пандев 1:1, а потоа загубивме од Војводина 1:2. Утре оваа генерација ќе разигрува за петтата позиција на овој турнир. Оваа генерација во групната фаза два пати беа поразени, а еднаш одиграа нерешено.

Генерацијата 2004 на ФК Вардар направи голем успех. Нашите млади момчиња утре ќе играат во полуфиналето од овој турнир. Нашите момчиња денеска славеа победа над Академија Пандев со 3:0, а ремизираа со Војводина. Утре играме против Динамо Загреб во полуфиналето на овој турнир.

Во групната фаза генерацијата 2004 еднаш победи, а два пати одигра нерешено.