Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со храбра игра, до победа во Куманово!
Со храбра игра, до победа во Куманово!

Со храбра игра, до победа во Куманово!

Утре со почеток во 14 часот ќе се одигра заостанатиот меч помегу Шкендија и Вардар кој требаше да се одигра во       средата.
Сите знаеме дека натпреварите со Шкендија се многу тешки за нашите играчи, притисокот од трибините е голем, но на вакви натпревари нашите момци треба да покажат карактер на големи спортисти.
Оваа сезона имаме убави спомени од натпреварите со Шкендија, па така нека продолжи и на утрешниот меч во Куманово.

Нека се повтори играта од есента, кога Вардар во Тетово против тимот на Шкендија одигра еден одличен меч, сите ќе се сетиме на тој меч, кога нашите момци по само 16-тина минути имаа предност од 0:2 на тоа жешко гостување. Па затоа сите посакуваме да се повтори тој меч, кога по само 16-тина минути игра, беше замолкнат тетовскиот стадион – повеќе од 10.000 гледачи.
Истите работи ќе се случуваат и утре, само во друг град, со помал капацитет на стадионот.

Одиме на победа, и +6 бода  на табелата.
Напред Вардар!


Фото: fkvardar.mk