Мечот кој требаше да се одигра денес , а беше одложен помеѓу нашиот Вардар и домаќинот Шкендија е закажан повторно за во Куманово во нов термин. Петок со почеток во 14-00 часот. Вчера по барање на МВР кое го прифати Фудбалската Федерација на Македонија мечот кој требаше да се одигра во Куманово на стадионот на Башкими беше одложен заради специфичната безбедносна ситуација во Кумановскиот регион поточно инцидентот во Гошинце.
Денеска во комуникација на нашиот тим и Тетовскиот прволигаш беше одлучено мечот да се одигра во петок во изменет термин односно во 14-00 часот . Неделниот дуел со шампионот на земјава и единствен претендент заедно со црвено-црните за лидерската позиција е презакажан за вторник .
Терминот за Скопскот дерби е 16-00часот со напомена дека има голема веројатност истиот да се одигра подоцна со заемен договор помеѓу двата Скопски ривала .