Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите и помладите кадети на РК Вардар ќе учествуваат на турнир во БиХ
Кадетите и помладите кадети на РК Вардар ќе учествуваат на турнир во БиХ

Кадетите и помладите кадети на РК Вардар ќе учествуваат на турнир во БиХ

Две генерации на млади ракометари од нашиот машки ракометен клуб Вардар ќе земат учество на турнирот Завидовиќи – Жепче 2015 кој ќе се одигра во Босна и Херцеговина. Нашите црвено- црни момчиња ќе настапат во две младински категории. Кадетите 1998/99 и помладите кадети родени 2000 година и помлади .

Полувремињата на овој турнир за помладата генерација ќе бидат 2х15 минути , а за повозрасната категорија ќе се игра 2х20 минути. Турнирот Завидовиќи – Жепче 2015 ќе се одигра во две групи, а двете првопласирани екипи ќе играат полуфинални мечеви со првите две екипи од другата група.

РАСПОРЕД ЗА МЕЧЕВИТЕ НА КАДЕТИТЕ:

  • Вардар – Никшиќ -Црна Гора – петок 24 април 15:50 часот
  • Вардар – Челик јуниор- БиХ – сабота 25 април 10:50 часот
  • Вардар – Жепче – БиХ – сабота 25 април 15:20 часот

РАСПОРЕД ЗА МЕЧЕВИТЕ НА МЛАДИ КАДЕТИ:

  • Вардар – Урбанскапе Лока 1 -Словенија – петок 24 април 15:00 часот
  • Вардар – Никшиќ -Црна Гора – сабота 25 април 10:00 часот
  • Вардар – Жепче -БиХ – сабота 25 април 14:30 часот
  • Вардар – Локомотива -БиХ – сабота 25 април 16:20часот