Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Градот Скопје номиниран за наградата “Handball person 2014“
Градот Скопје номиниран за наградата “Handball person 2014“

Градот Скопје номиниран за наградата “Handball person 2014“

Дванаесет-членото жири составено од еминентни ракометни тренери, ракометари, ракометарки, легенди на спортот, новинари и директори на клубови меѓу кои се Драган Аџиќ, Домагој Дувњак, Андреа Лекиќ номинираа 15 ракометари и ракометарки, тренери, функционери, ракометни случувања и проекти за наградата “Handball person 2014“ во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен портал “Хандбал планет“.

Меѓу номинираните се најдоа и проектот Сеха Гаспром лигата, како и нашиот главен град Скопје( кој е единствен град со три преставника во најголемото ракометно натпреварување-Лигата на Шампионите). Машкиот и Женскиот клуб Вардар, како и машкиот ракометен клуб Металург, беа дел од ова натпреварување за сезона 2014/2015.

Во номинациите се најдоа и имиња како Никола Карабатиќ, Клод Онеста, Валеро Ривера, завршниот турнир во Лигата на шампионите, Кристина Неагу, Љубомир Врањеш, Ласло Наѓ, клубската телевизија на Полскиот првак, екипата на Киелце и.т.н.

Конечната одлука на жирито за овој избор, ќе биде соопштена на 30-ти април.