Како што официјално соопштија од ФК Вардар, прославеното македонско фудбалско име, еден од најдобрите македонски репрезентативци на сите времиња Ѓорѓи Христов, е назначен за нов директор на младинската Академија на фудбалскиот клуб Вардар. Христов го наследи Бобан Бабунски, кој што стана “кормилар“ на сениорската екипа на Вардар. До сега тој беше координатор во фудбалската Академија, откако пристигна во нашиот тим пред точно една година.
Сакам прво да се заблагодарам на раководството и на сопственикот на клубот за укажаната доверба да бидам директор на Академијата. Ќе се трудам да поставиме стандарди и системи кои долги години ќе останат како патоказ за идните генерации. Иако е најтешко да се работи со младите, сепак, кога ќе се воспостави еден систем и кога визијата ќе се спроведе на теренот, сметам дека ќе функционира беспрекорно- рече Христов.
Целата негова визија за новата задача прочитајте ја тука!