Директорот на Академијата на ФК Вардар, Ѓорѓи Христов се наоѓа во Букурешт, каде утре ќе ја бодри Македонската репрезентација која ќе дебитира на ЕП. Христов е во друштво на своите синови, Доротеј и Миха кои тренираат во Вардар.
Христов е познато име во македонскиот фудбал, како и поранешен репрезентативец на Македонија. Горд е што оваа генерација успеала да го исполни сонот на целиот народ.
„Ова е исполнување на сонот на сите генерации, не само на играчите туку и на фановите, а тој се исполни по 30 години. Специјално е чувството да дојдеш на Европско првенство и да ја бодриш својата земја. Оваа генерација ни даде можност да го следиме тимот на голем собир. Да се биде меѓу 24-те најдобри тимови во Европа значи дека имаш класа и квалитет, мислам дека имаме шанси за следна фаза, изјави Христов за УЕФА.