Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов се наоѓа во Букурешт, каде утре ќе ја бодри Македонската репрезентација која ќе дебитира на ЕП.
Фан-зоната на популарната „Фаланга“ е обоена во „црвено-жолто“, а меѓу нив е и капитенот на ,,црвено – црните”. Во Фан-зоната пристигнуваат се повеќе навивачи од сите градови, кои утре ќе ги бодрат фудбалерите кон историската прва победа на едно големо натпреварување.
Утре сите заедно навиваме за Македонија. Дуелот против Австрија ќе започне со почеток од 18.00 часот.