Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Директорот на Академијата на ФК Вардар, Ѓорѓи Христов, е дел од програма за меѓународни таленти во Австралија
Директорот на Академијата на ФК Вардар, Ѓорѓи Христов,  е дел од програма за меѓународни таленти во Австралија

Директорот на Академијата на ФК Вардар, Ѓорѓи Христов, е дел од програма за меѓународни таленти во Австралија

Директор на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, Ѓорѓи Христов се наоѓа во Австралија, каде е дел од програмата за меѓународни таленти.

На овој семинар учествуваат претставници на десет академии од Европа, а меѓу најзвучните клубови се ПСВ Ајндховен ( Холандија), Аталанта ( Италија), Малме ( Шведска), Спартак Ротердам ( Холандија) и.т.н.

gh

Секојдневно се одржуваат семинари, на кои имаа најразлични презентации, од видот на скаутирања, тренинзи, а претставниците од секој клуб ја истакнува својата програма, односно со каква младинска школа располагаат.

gh4

Во Мелбурн, каде се одржува програмата, во посета на Христов, дојде и легендарниот чичко Дончо. Андон Дончевски за првиот тим на Вардар дебитираше во сезоната 1953/54 и неговиот дрес го носеше верно во наредните 12 години. На вкупно одиграните 335 натпревари, има постигнато 217 погодоци, со кои сеуште е најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот македонски клуб. Покрај тоа беше дел од легендарната титила во 1987 итн.

gh2

Ова е втора година по ред, како Ѓорѓи Христов е дел од вакви настани, откако претходната година беше во посета на Англија и Шпанија.