Дел од играчите на есенскиот шампион веќе се заминати надвор од границите на нашата држава и започнаа да го користат заслужениот одмор по фантастичните партии и лидерското место на првенствената табела.
Реис Жуниор стандардно, се врати во својот роден Бразил каде ќе ги мине слободните денови. Капитенот на Вардар пак, Филип Гачевски, малку поинаку од Жуниор, замина на скијање во Банско во Бугарија. Сега за сега Владица Брдаровски е заминат на најдалечната локација. Еден од најдобрите играчи на „црвено – црниот” тим ужива на Малдивите.
Останува да видиме и другите играчи на Вардар каде ќе заминат да ги „полнат батериите”.