Изминатиов викенд се одигра и последното есенско коло во рамките на регионалната-скопска лига, во кое генерациите 2005 и 2006 победија на гостувањето кај екипата на Скопје.
Генерацијата 2006 на Вардар со службен резултат (0:3) го доби овој дуел, со оглед дека противничката екипа немаше доволен број на играчи за да го започне натпреварот. На тој начин, момците на Филип Спасески со максимален број на освоени бодови го завршија првиот дел од сезоната, со вкупно 14 победи од исто толку одиграни натпревари. Црвено-црните имаат и импресивна гол разлика од 76 постигнати и 2 примени голови.
До триумф во пследното есенско коло стигна и генерацијата 2005 на Вардар, три бодови со кои станавме есенски шампиони. Избраниците на Зоран Петковски после поразот од Кул успеаа да ги добијат сите останати мечеви во есенскиот дел, додека Кул Здравје на два меча одигра со нерешен резултат па му ја предаде лидерската позиција на Вардар. Црвено-црните ја финишираа полусезоната со 36 освоени бодови, додека Кул е на второто место со 35 бодови.
За да се комплетира и последното есенско коло ќе треба да се одигра уште натпреварот меѓу Драчево и Работнички во двете категории.