По конечното комплетирање на регуларниот дел во двете групи познати се деталите за расплетот во СЕХА лигата кој не чека на пролет. На последните два меча, ППД Загреб во директниот дуел за место во 1/4-финалето го победи Мешков Брест 30:24, а Мотор убедливо триумфираше против Војводина, 37:28 .
Вардар, Веспрем, ППД Загреб и дебитантот Мотор Запорожје се четирите екипи кои обезбедија директен пласман во четврт-финалето од новата регионална сезона. Посбено интересен момент ќе биде ако вториот македонски претставник, Еурофарм Работник го мине Нексе, во првата фаза од елиминациите ќе наиде на Вардар, па така македонскиот ракомет ќе има само еден преtставник на Ф-4 турнирот.
1/8-ФИНАЛЕ
Спартак Москва – Татран Прешов
Металопластика – Војводина
Нексе – Еурофарм Работник
Пекинг – Мешков Брест
1/4-ФИНАЛЕ
Нексе/Еурофарм Работник – Вардар
Металопластика/Војводина – Веспрем
Спартак Москва/Татран Прешов – ППД Загреб
Пекинг/Мешков Брест – Мотор Запорожје