Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар завршија како вицешампиони во есенскиот дел
Пионерите на ФК Вардар завршија како вицешампиони во есенскиот дел

Пионерите на ФК Вардар завршија како вицешампиони во есенскиот дел

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го финишираа есенскиот дел во пионерската Супер лига, на второто место зад екипата на Акад.Пандев. Оваа генерација која минатата сезона успеа да ја освои двојната круна, оваа сезона започна со нов предводник, а тоа е Драган Стефановски-Гаге. Вардарци одлично ја стартуваа сезоната и во првите четири одирани кола имаа максимален број на освоени бодови, но во следното коло не стигна и првиот пораз од екипата на Работнички. Црвено-црните загубија уште еден важен дуел, против најголем конкурент за трофејот, тоа е екипата на Акад.Пандев која оваа сезона игра одлично и се наметнува како главен претедент за освојување на титулата, а Вардар во пролетниот дел ќе треба да гостува во Струмица.

208

До крајот на есенскиот дел доживеавме уште еден пораз против Шкупи, додека во последното коло на домашен терен одигравме нерешено со Работнички, на меч на кој не можевме да сметаме на неколку стандардни играчи. Можеме да се пофалиме со податокот дека ја имаме најдобрата одбрана во лигата со само 11 примени голови, како и втор најефикасен напад со 45 погодоци.

Ова се сите постигнати резултати за вардаровите пионери во есенскиот дел:

1 коло: Победа – Вардар  0:2

2 коло: Вардар – Шкендија  5:0

3 коло: Пелистер - Вардар  0:3

4 коло: Вардар – Шкупи  3:0

5 коло: Работнички – Вардар  2:1

6 коло: Вардар – Еуроспорт  5:0

7 коло: Македонија Ѓ.П - Вардар  0:6

326

8 коло: Њу Старс – Вардар  1:6

9 коло: Вардар – Акад.Пандев  2:4

10 коло: Вардар – Победа  3:0

11 коло: Шкендија - Вардар  2:3

12 коло: Вардар – Пелистер  6:0

13 коло: Шкупи – Вардар  2:0

14 коло: Работнички – Вардар 0:0

Како што напоменавме, лидер на табелата после 14 одиграни кола е Академија Пандев со 37 бодови, додека втор е Вардар со 41 бод. Тука се и екипите на Шкупи и Работнички кои имаат по 28 бодови.

20032

Експресно ги поминавме првите пречки во националниот куп, па оваа генерација во пролетниот дел ќе се бори за пласман во големото финале.

1327

1/8: Вардар – Милано  4:1

1/4, 1 меч: Вардар – Победа  4:0

1/4, 2 меч: Победа – Вардар  0:3

Во наредните текстови за оваа генерација ќе ги изнесеме најдобрите стрелци, како и комлетната статистика за секој играч