Вардар убедливо го доби кадетското фудбалско дерби против екипата на Пелистер. Полесно од очекувањата, избраниците на Влатко Колев славеа во дуелот со Битолчани, а самиот резултат од 9:1 говори за одразот на силите на двете екипи. И покрај тоа што во најголем дел од натпреварот имавме играч помалку, сепак тоа не беше проблем да продолжиме да ја полниме противничката мрежа. Два гола на овој дуел беа дело на напаѓачот на Вардар и репрезентативец, Џемал Ибиши кој на почетокот на сезоната дојде како големо засилување од екипата на Металург. Ибиши ги покажува своите квалитети уште на стартот во црвено-црниот дрес и се работи за доста квалитетен играч, кој им создава големи проблеми на противничките екипи. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата во дербито.
-Пред почетокот на мечот со Пелистер мислевме дека ќе биде многу потешко да се стигне до победата, а на крајот испадна сосема обратно. Иако имавме повеќе од 55 минути играч помалку на теренот, тоа не беше причина за да славиме убедливо. Едноставно целата моја екипа дадовме максимум што можевме и јас сум презадоволен од играта. Очекувавме дека Пелистер ќе пружи посилен отпор, како и што доликува на едно дерби помеѓу овие две екипи, но високиот резултат го отсликува реалниот одраз на силите и квалитетот на теренот. Имаме многу добра екипа како во кадети, така и во младинци и мислам дека во продолжение од сезоната со заеднички труд и работа ќе го постигнеме тоа што го посакуваме.
Џемаил Ибиши запиша настапи за кадетскиот и младинскиот состав на Вардар и моментално добро се вклопи во двете екипи.
-За ова кратко време што сум во ФК Вардар мислам дека влегов во натпреварувачки ритам и пред се голгетерска форма, која се надевам дека ќе расне на секој нареден натпревар во дресот на Вардар. Благодарение сум што во клубот ме прифатија многу добро и покрај такви соиграчи не ми беше тешко да се вклопам во екипата. Се спремаме маскимално на секој тренинг, се трудиме највеќе што можеме и очекувам на крајот од сезоната да бидеме шампиони.
Звонко Ивановски