Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Над бразилецот Фереира е направен хируршки зафат, по што се наоѓа на домашно лекување
Над бразилецот Фереира е направен хируршки зафат, по што се наоѓа на домашно лекување

Над бразилецот Фереира е направен хируршки зафат, по што се наоѓа на домашно лекување

На натпреварот против Барселона незгодна повреда доби пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира кој мораше предвреме да го напушти теренот. Бразилецот во црвено-црниот дрес доби директен удар во глава, со рака од Дика Мем, по што падна на теренот Веднаш интервенираше лекарскиот тим на Вардар, кој му ја пружи потребната медицинска помош. Тој има скршеница на носот и сигурно ги пропушта следните два натпревари на неговиот тим во СЕХА-лигата.

Над Фереира е направен хируршки зафат, по што е пуштен на домашно лекување. Од клубот информираа дека дополнително ќе се знае колку ќе биде надвор од терените. Сега е најважно да мирува и целосно здрав да се врати, бидејки е повеќе од потребен во играта на Вардар. Бразилецот се повеќе ја добива довербата кај тгренерот Гонзалес, како прв избор на пикерската позиција, кој игра подеднакво добро и во одбраната. Нашата редакција му посакува побргу опоравување и враќање на теренот.