Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Џемал Ибиши е единствениот играч од повозрасните категории, кој успеваше да постигне голови за три младински екипи на ФК Вардар
Џемал Ибиши е единствениот играч од повозрасните категории, кој успеваше да постигне голови за три младински екипи на ФК Вардар

Џемал Ибиши е единствениот играч од повозрасните категории, кој успеваше да постигне голови за три младински екипи на ФК Вардар

Еден од играчите кој успеваше за изминатата натпреварувачка сезона да посигне голови за три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, беше Џемал Ибиши. Напаѓачот на црвено-црните дојде на почетокот на сезоната од екипата на Металург и веднаш се наметна во првиот состав.

Ибиши успеа да се запише во листата на стрелци за три младински екипи на Вардар. Најмногу голови постигна за кадетите, вкупно 15, со кои и беше најдобар стрелец на само во екипата, туку и во целата кадетска лига. За пионерите исто така ги тресеше противничките мрежи, постигнувајќи 9 голови, додека Ибиши успеа да постигне голови и за младинците на Вардар, за кои имаше неколку настапи, а постигна вкупно 3 погодоци. Тој е единствениот играч во повозрасните категории на клубот, кој успеваше да постигне голови за три возрасни генерации.

vardarfans-ibisi

Ибиши беше дел и од пионерите на ФК Вардар, на силниот меѓународен турнир во Сараево, на кој црвено-црните го освоија првото место, а како награда за добрата сезона, Ибиши доби признание за најдобар стрелец на турнирот “Играј фудбал, живеј живот“. Пред да дојде во Вардар, Џемал има настапувано за екипите на Сарај и Металург.