Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе нов играч на Вардар, Циндриќ ќе го менува словенски репрезентативец кој доаѓа од шампионот на Унгарија-ПИК Сегед
Скубе нов играч на Вардар, Циндриќ ќе го менува словенски репрезентативец кој доаѓа од шампионот на Унгарија-ПИК Сегед

Скубе нов играч на Вардар, Циндриќ ќе го менува словенски репрезентативец кој доаѓа од шампионот на Унгарија-ПИК Сегед

Црвено-црниот тим веројатно конечно  ја најде замената за средниот бек Лука Циндриќ, кој си замина во полски Кјелце. Според „Балкан Хандбал“ нов член на црвено-црните ќе биде словенечкиот интернационалец Скаш Скубе.

Како што објави „Балкан Хандбал“, тој  веќе потпишал договор со Вардар. Партнерот на Игор  Карачиќ на позицијата  средниот бек доаѓа од унгарски шампион ПИК Сегед, тим кој ја освои шампионската титула во Унгарија и зад себе го остави големиот  Веспрем. Скубе сега доаѓа во Скопје како дел од една “верижна реакција“ , откако во Сегед дојде  Дејан Бомбач, кој пак во Кјелце замина поради  доаѓањето на Лука Циндриќ.

.