Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тодороски: Навистина е чест и привилегија да се биде капитен на најдобриот македонски клуб
Тодороски: Навистина е чест и привилегија да се биде капитен на најдобриот македонски клуб

Тодороски: Навистина е чест и привилегија да се биде капитен на најдобриот македонски клуб

Младите Никола Серафимов и Тодор Тодороски имаа можност на овие летни подготовки да ја носат капитенската лента на Вардар. Двајцата за клубскиот сајт ги истакнаа импресиите по оваа голема дадена одговорност.

Никола Серафимов, беше носител на капитенската лента низ младинските категории на Вардар, а сега со 18 години доби шанса да се најде и во таа улога и кај сениорите на пријателскиот меч со Балзан одигран вчера.

„Да се биде капитен на младите категории е едно, а на сениорскиот тим е нешто сосема поинаку. Секако дека улогата и одгоНикола Серафимов, беше носител на капитенската лента низ младинските категории на Вардар, а сега со 18 години доби шанса да се најде и во таа улога и кај сениорите на пријателскиот меч со Балзан одигран вчера.ворноста е уште поголема и јас се заблагодарувам на стручниот штаб и на играчите за оваа улога и за поддршката. Секој млад играч кој што тренира во Вардар сонува еден ден прво да заигра во екипата, а секако потоа и да биде капитен на екипата. Се надевам и посакувам и во иднина да бидам со капитенската лента на Вардар. Криво ми е само што бевме поразени на тој натпревар во кој јас ја имав оваа одговорна улога“, рече младиот стопер на нашиот тим.  

Тодор Тодороски, пак, ја доби капитенската лента на натпреварот со Шампион Целје. Тој беше капитен на Вардар во вториот дел, после излегувањето на искусниот Горан Попов од игра на полувремето.

„Среќен сум што ја добив таа улога на капитен на еден голем клуб како што е Вардар. За мене претставува чест и одговорност што ми беше доделена оваа улога на овие подготовки. Се надевам дека ја оправдав довербата на стручниот штаб на тој натпревар кој го одиграв како капитен. Навистина е чест и привилегија да се биде капитен на најдобриот македонски клуб“, изјави Тодороски.