Вардар фанс во следниов текст ќе ве запознае со напаѓачот на Вардаровата генерација родени “2002“. Се работи за Леонид Игнатов кој имаше одлична сезона зад себе, каде беше најдобар стрелец за својата екипа. Леонид е стандарден во составот предводен од Ане Андовски и еден од најдобрите играчи на оваа генерација. Брз експлозивен играч, кој располага со одлична техника и постигнува многу голови. Исто така репрезентативец на фудбаласката репрезентација до 15 години. Каде беа неговите први почетоци, од каде љубовта за овој спорт, впечатоци од изминатата сезона и очекувања за новата натпреварувачка сезона можете да прочитате во наредниот текст.
-Мојот татко Слободан Игнатов е поранешен фудбалер, а сега тренер на млади категории, покрај него уште од мал го пратев и го засакав фудбалот.Тој е и мој прв фудбалски тренер во ф.к.Нова колонија каде започнав да тренирам на 5 години. Од ф.к.Нова Колонија поминав во ф.К.Металург кај тренерот Саше Караџов, со кој освоивме неколку турнири и бевме први во детска лига каде бев забележан од тогашниот тренер Павел Неделковски на негова иницијатива, а мое големо задоволство преминав во ф.к.Вардар нашиот најтрофеен клуб. Фудбалот за мене претставува големо задоволство, со цел еден ден да станам успешен фудбалер.
Вардаровата генерација родени “2002“ станаа вицешампиони на Македонија. За цела сезона имаа доживеано само два порази, од кои еден беше токму во големото финале. Оваа екипа најрано ги започна подготовките за претстојната натпреварувачка сезона, каде се очекува да настапат на турнирот “Скопје куп“.
-Оваа година имавме успешна сезона. Во регионалната детска лига бевме први а на државно освоивме 2 место. Можевме и повеке, за моја несрека неможев да помогнам во финалето бидејки бев повреден, но таков е фудбалот. Со тренерот Петар Ѓорѓиевски имаме големи амбициии. Наша прва цел е освојување на “Скопје куп“ ,а потоа и лигата во која ке се натпреваруваме. Веке 2 недели тренираме секојдневно, дури и по два пати дневно и се надеваме на успех.
Леонид одвои неколку збора и за најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар. Јуниор лигата е нешто најново на овие простори, која има за цел да ги обедини сите школи во Македонија.
-Ние не сме дел од проектот “јуниор“ лига но тој е одличен, има дружба се шират пријателства и многу деца добиваат шанса да се докажат и бидат забележани и преминат во најдобрата Фудбалска Академија на Вардар, изјави Леонид Игнатов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски