Играчите на ФК Вардар утрово пристигнаа во главниот град на хрватска, Загреб. Тие таму утре ќе го одиграат реваншот на “Максимир“ со почеток во 20-45 часот од второто предквалификациско коло во ЛШ против шампионот на хрватската фудбалска лига, ех ју ривалот Динамо Загреб.
Избраниците на Гоце Седлоски утрово од Скопје отпатуваа во Хрватска со желба да одиграат поефикасно и да направат исчекор кон следното коло во шампионската лига, полни со оптимизам што го базираат на одличната игра особено во второто полувреме на првиот скопски дуел кога само среќата им попречуваше да дојдат до повилен резулат. Црвено-црните вечерва ќе имаат тренинг на стадионот „Максимир“, стадионот на кој утре ќе искочиме на мегдан со Динамо. Нашиот шампион денес ќе одржи стандардна прес-конференција во Загреб на која што ќе ги искаже своите очекувања од утрешниот дуел со “модрите“. Вардарци во Загреб ќе ја имаат поддршката од своите најверни, Комити Запад кои денес доцна попладне според нивните најави ќе заминат за да ги бодрат од трибините, а мечот сите љубители на Вардар и фудбалската игра воопшто ќе може да го следат низ директен пренос на телевизија “Телма“.