Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Алексовски го напушти Вардар
Алексовски го напушти Вардар

Алексовски го напушти Вардар

23-годишниот голман Игор Алексовски  не е повеќе голман на Вардар. Двете страни се договорија на спогодбен раскин на договорот, една година пред истек на истиот. Алексовски веќе ја напушти „базата“ на Вардар во Словенија.

По доаѓањето на новиот голман Кировски (кој сеуште не е официјално претставен од клубот), јасно беше дека Вардар ќе се откаже од еден голман. Сега голманската позиција во нашиот тим ќе ја сочинуваат Гачевски, Кировски и Илиќ.

Му посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера на Игор.