Машката ракометна репрезентација ги доби противниците во групната фаза, за светското првенство кое во 2019 година ќе се одигра во Германија и Данска.
Македонија ќе биде дел од групата Б, заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија. Светското првенство ќе се одигра во периодот од 9-27-ми јануари, а натпреварите на нашата селекција во групата ќе се одиграат во Минхен. Во следната рунда ќе пласираат само првите три селекции. Од дуелите на вардаровите играчи, се очекува Стоилов и Поповски да играат против Карачиќ кој би настапувал за Хрватска, а Раул Гонзалез повторно ќе одигра меч против родната земја, тоа е Шпанија.
Интересно е во групата А, во која ќе има ракометари од Вардар. Тука се селекциите на Франција, потоа Русија, Германија, Србија, Бразил и Јужна Кореја.
Ова ќе биде вкупно шестти пат, откако Македонија ќе биде дел од Светското првенство.