Розенборг и Вардар ќе се обидат да стигнат до првите победи во Лигата на Европа. И двата тима на воведните дуели претрпеа високи порази од своите противници. Пред утрешниот меч, играчот од Србија во редовите на Розенборг, Милан Јевтовиќ истакнува дека не е премногу запознаен со квалитетите на Вардар.
“Да бидам искрен не сум запознаен доволно со квалитетите на екипата на Вардар. Јасно е дека во Норвешка е се подобро од Македонија, но, тоа не значи дека ќе биде лесно. Вардар заслужува респект, победите над Малме и Фенербахче се голем доказ за тоа. Јас верувам во Розенборг, оптимист сум дека можеме да ја минеме и групната фаза” – истакна Јевтовиќ.