Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ги пушти и билетите за дуелот со Барселона
Вардар ги пушти и билетите за дуелот со Барселона

Вардар ги пушти и билетите за дуелот со Барселона

Управата на РК Вардар информира дека од денеска ги пушта во продажба и билетите за дуелот со екипата на Барселона. Во Скопје тимот на Барселона ќе гостува на 14 октомври 2017 година. Со цел навремено да се набават билети, уште сега Вардар ги пушта билетите во слободна продажба.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.