Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Колевски ја “матираше” Романија
Колевски ја “матираше” Романија

Колевски ја “матираше” Романија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ја забележа и втората победа на контролните натпревари против врсниците од селекцијата на Романија. Вчера нашите надежи победија со резултат 1:0 (0:0). Единствениот погодок на овој натпревар го постигна играчот на Вардар, Бојан Колевски. Во првиот состав од играчите на Вардар настапија уште и голманот Давид Денковски, како и бекот Филип Антовски, додека во второто полувреме на голот застана уште еден чувар на мрежата на Вардар, се работи за Методија Велковски.

Ова беше втора победа против Романија, на првиот натпревар надежите победија со резултат 2:0, на тој меч стрелци на головите беа Ѓоргиевски и Фазлагиќ.