Подготовките во Струга се завршени за нашите две пионерски и кадетската екипа на ФК Вардар. Како и помалите така и кадетите на црвено-црните одиграа три контролки за време на еднонеделниот престој во градот крај Охридското езеро. Избраниците на Влатко Колев остварија три победи од исто толку мечеви кои ги одиграа. Тие се сретнаа со екипите на ФК Пелистер, ФК Фљамуртари и ФК Царев Двор, на кои им дадоа вкупно 16 погодоци или во просек 5,33 голови постигнавме по меч, нашата мрежа се тресеше само три пати или примивме еден гол по одигран дуел. Најтесена победа беше со тимот на битолски Пелистер, триумфиравме со зелено-белите со резулат 2-1. Во другите два дуела победивме со шест гола предност, Фљамуртари го добивме со 8-2, а пак од врсниците на Царев Двор бевме подобри со 6-0. Тренерот на оваа категорија Влатко Колев е задоволен од прикажаното на трите меча и од подготовките досега. Тој за престојот во Струга за нашиот сајт вели:
Подготовките поминаа во најдобар ред. Ќе се обидеме да играме допадлив фудбал во сезоната која претстои. Вардар секогаш без разлика на противникот мора да игра напаѓачки фудбал и да создава голем број на шанси во текот на целиот меч. Одигравме три контролни натпревари за време на седумдневните подготовки во Струга, на кои доминиравме во секој поглед на играта. Уште е рано да се кажува со каков состав ќе настапувам во новата сезона. Секој од играчите ќе добие шанса, на нив останува да покажат и докажат дека заслужуваат шанса во оваа екипа. Секој тренер посакува тимот да му функционира беспрекорно и игра добро. Ќе биде секако тешко, но полека се темпира формата за новите предизвици во лигата и Купот. Се надевам на најдобро . Јас сум тренер кој секогаш стреми и гледа кон врвот, а сигурно дека токму таму е местото на Вардар-изјави Влатко Колев за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски