РК Вардар јуниор односно нашата втора сениорска екипа што ќе се натпреварува втора година по ред во Супер лигата, вчера ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/2017. Само играчите кои што имаат репрезентативни обврски не беа дел од првиот собир, апак другите му беа на располагање на тренерот Стојан Петрушевски кој годинава ќе го води овој колектив од како ја презема фунцијата од Пепи Манасков. Според планот првиот дел од летните подготовки на младите вардарци ќе се реализираат во Скопје, а втората фаза ќе биде заминување на базични подготовки во Маврово, каде Петрушевски ќе го подготвува тимот за суперлигашките предизвици и настапот во Купот на Македонија.