Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По потписот на Дијана Илина, ЖРК Вардар стигна до бројката од пет засилувања, ова се имињата на “новајлиите“
По потписот на Дијана Илина, ЖРК Вардар стигна до бројката од пет засилувања, ова се имињата на “новајлиите“
Дијана Илина-Среден бек (Белорусија)

По потписот на Дијана Илина, ЖРК Вардар стигна до бројката од пет засилувања, ова се имињата на “новајлиите“

Последно име во црвено-црниот женски ракометен клуб е Белорусинката Дијана Илина, која настапува на позицијата среден бек. Таа е млада надежна ракометарка која има само 20 години, таа и ако е млада дури три години е дел од најдобрата селекција на својата земја, Илина е репрезентативка на Белорусија од својата 17 година.  Првакот на  Белорусија, Гомељ  е тимот од каде доаѓа во Вардар, со својата екипа  освои   титули во Белорусија и во Балтичката регионална лига. Таа зад себе има интернационална кариера со тимот на Астраханочка во Русија, каде настапуваше во есенскиот дел во ланската сезона. Дијана се појави на првиот собир на тимот во Јане Сандански.

tamara

Тамара Мавсар-Десно Крило (Словенија)

Покрај неа на првиот тренинг од новите пет имиња присуствуваше и словенката Мавсар. Како и претходно и овој пат довербата за физичката подготовеност на црвено-црните избранички на Индира Кастратовиќ е доделена повторно на Марија Лојаница. Другите три засилувања Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабер се во Рио на Олимпијадата заедно со уште три други девојки кој лани и годинава се во нашиот тим, Андреа Кликовац,Јованка Радичевиќ, (Црна Гора) и Лејно Амандин (Франција). Ова се петте нови вардарки кој осетно го засилија нашиот тим во желбата за европска круна сезонава:

  • Мајса Песоа-Голман (Бразил)
  • Камила Харем-Лево Крило  (Норвешка)
  • Тамара Мавсар-Десно Крило (Словенија)
  • Александра Лакрабер-Десен бек ( Франција) и
  • Дијана Илина-Среден бек (Белорусија)