Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Илиевски со своите погодоци и донесе трето место на репрезентацијата до 15 години, на турнир во Шангај
Марио Илиевски со своите погодоци и донесе трето место на репрезентацијата до 15 години, на турнир во Шангај

Марио Илиевски со своите погодоци и донесе трето место на репрезентацијата до 15 години, на турнир во Шангај

Изминатиов период младинската фудбалска репрезентација до 15 години беше на турнир во Шангај, каде одигра три пријателски натпревари, освојувајќи го третото место.

На првиот меч, силите ги одмеривме со селекцијата на Народна Република Кина, против која ремизиравме 1:1. На вториот дуел се сретнавме со Северна Кореја, меч кој го загубивме убедливо со 3:0. Во борбата за третото место вчера ја совладавме селекцијата на Киргистан и тоа убедливо, со конечен резултат од 4:0. Два погодоци на мечот со Киргистан беа дело на играчот на Вардар, Марио Илиевски, кој го отвори резултатот на 1:0 и ги постави конечните 4:0.

Дел од репрезентацијата на Македонија, на овој турнир, покрај Илиевски беа уште двајца играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за дефанзивецот Александар Ѓурковски, кој заедно со Марио настапуваат за генерацијата на ФК Вардар, родени “2001“ и “2002“ година, како и Али Асани кој настапува за генерацијата “2002“ , предводена од тренерот Петар Ѓорѓиевски. По пристигнувањето од Кина, овие тројца играчи ќе се приклучат на тренинзите на Вардаровата генерација “2002“, која на 3-ти јуни го игра финалето од купот, против екипата на Работнички.