Вчера на теренот на Академијата на ФК Вардар се одигра последното коло во регионалната-скопска лига, кај генерацијата родени “2002“ година. Екипата на Вардар за противник ја имаше екипата на Куманово, која ја совлада со резултат од 3:0 во овој последен дуел за нас сезонава.