Селекторот на македонската репрезентација за момци до 17 години, Добринко Илиевски го објави списокот за пријателските мечеви на нашата селекција со врсниците од Романија. На истиот се најдоа дури четири играчи од младите екипи на фудбалскиот клуб Вардар.Станува збор за голманското дуо на црвено-црните пулените на Кметовски: Методија Велковски и Денковски Давид. Покрај нив покана имаат и двајца играчи Бојан Колевски и Филип Антовски.
Ќе се одиграат два натпревари со Романија, двата дуели ќе ги играме во гости. Првиот натпревар се игра утре, вторник 30-ти мај , а вториот два дена подоцна односна во четврток на 1-ви јуни.