Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Титулата на ФК Вардар ќе им се додели во Ѓорче, каде ќе бидеме домаќини на мечот со Силекс
Титулата на ФК Вардар ќе им се додели во Ѓорче, каде ќе бидеме домаќини на мечот со Силекс

Титулата на ФК Вардар ќе им се додели во Ѓорче, каде ќе бидеме домаќини на мечот со Силекс

Фудбалскиот клуб Вардар извести дека  натпреварот од последното, 36.коло во  првата македонска фудбалска лига против Силекс ќе го одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Ние ќе бидиеме домаќини на овој алтернативен терен   бидејќи има неможност истиот да биде одигран на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје поради подготовката за Суперкупот на Европа.

Како што беше и претходно познато на овој  натпревар ќе биде доделена шампионската титула на нашиот тим за македонски “фудбалски владетел“ во сезоната 2016-2017. Тоа воедно и ќе биде последниот дуел за оваа сезона, после кој дел од фудбалерите ќе имаат одмор, а дел ќе бидат со обврски кон своите репрезентации.  Дуелот со екипата на кратовски Силекс се игра во среда на 31-ви мај и истиот е закажан  со почеток во 16-30 часот.