Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лекаи: Вардар и Веспрем ќе играат во финалето од лигата на шампиони
Лекаи: Вардар и Веспрем ќе играат во финалето од лигата на шампиони

Лекаи: Вардар и Веспрем ќе играат во финалето од лигата на шампиони

На 3 и 4-ти јуни се игра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во најголемото ракометно натпреварување. Градот Келн ќе биде центар на внимането на европската ракометна јавност, која ќе го дознае новиот владател на Европа. Дебитант на Ф4 во Келн ќе биде екипата на Вардар, која ќе се обиде најпрво да стигне до финалето, а потоа и да ја освои лигата на шампиони. Организаторот на играта на Веспрем, Мате Лекаи смете дека во големото финале на ЛШ, ќе играат екипите на Вардар и Веспрем.

-Кој и да ја освои Лигата на шампионите годинава нема да биде изненадување затоа што има многу мала разлика меѓу тимовите што играат на Ф4 во Келн. Практично е невозможно да се предивиди со сигурност кој ќе биде победникот. Ние два пати загубивме од ПСЖ, но сега сме друг тим. Свесни сме колку се добри ПСЖ, но ако нашата одбрана биде на вистинското ниво, тогаш ние може секого да победиме. Не сум човек што е по обложувањето и обично не сакам предвидувања, но кога веќе ме прашувате, некако чувствувам дека Вардар ќе стигне до финалето во другото полуфинале.

Дали ќе гледаме реприза на финалето од СЕХА-лигата, останува да видиме уште неколку денови. Тогаш Вардаар беше поуспешен од шампинот на Унгарија, забележувајќи победа, со резултат 26:21. Се надеваме дека ќе се исполнат предвидувањата на Лекаи и дека овие две екипи ќе ги гледаме и во финалето на ЛШ.

-Се на се ова е добра сеозна за нас иако го загубивме финалето во СЕХА лигата. Имавме проблеми годинава. Минатата есен на ниеден натпревар не се појавивме во најсилната формација, но сите заедно знаевме дека во мај ќе бидеме во топ форма и затоа не бевме многу загрижени“ – истакнува бекот на Веспрем, рече Мате Лекаи за официјалната страна на ЕХФ.