Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Марио Илиевски: Ова ми е петто признание за најдобар стрелец кое многу ми значи
Марио Илиевски: Ова ми е петто признание за најдобар стрелец кое многу ми значи

Марио Илиевски: Ова ми е петто признание за најдобар стрелец кое многу ми значи

Изминатиов период беа актуелни завршните натпревари во детската фудбалска лига, каде се одлучуваа победниците во сите генерации. Вардаровата генерација родени “2002“ година успеа да го освои второто место и да се закити со сребрениот медал, откако во големото финале беа поразени од екипата на Академија Пандев. Ова беше само втор пораз за избраниците на Петар Ѓорѓиески во текот на целата натпреварувачка сезона, пораз со кој на крајот ни “избега“ првото место. Секако и пласманот на оваа позиција е успех за оваа генерација, која прикажа добри игри во текот на целата сезона. На свеченото доделување на наградите за најдобри поединци, признанието за најдобар стрелец во оваа генерација му припадна на Марио Илиевски од редовите на Вардар.

-Завршниот турнир од детската лига беше одличен со квалитетни екипи.Овие елиминациски мечеви беа доста “тврди“. Јас сум презадоволен од нашата игра, тоа се покажува и од резултатите, четвртфинале игравме со екипата на Брегалница која ја победивме 5-0. Екипата беше одлична, но ние со нашата спремност ја надигравме и успеавме да се пласираме во полуфиналето, каде се сретнавме со екипата на Гостивар, која ја совладавме со 4-0. Противникот играше многу добро имаше 2-3 шанси, но не ги искористија беа доста спремни а ние како Вардар ги надигравме и ги победивме. Во финалето игравме со А.Пандев каде во првите 20 минути игравме многу слабо, а тоа они го искористија за да дадат два гола од наши грешки. Потоа ние сакавме да победиме напаѓавме константно и дадовме гол пред крајот на првото полувреме.Во вториот дел исто така сакавме да постигнеме гол но не успеавме. Тие се бранеа многу добро и честитки за нив кои успеаа да не победат.

Ова момче во текот на сезоната настапуваше за помладите пионери, а на завршните натпревари во детската лига беше приклучен на оваа генерација, со цел да им помогне за што повисок пласман на крајот.

-Јас од моите настапи сум презадоволен, исто така и моите соиграчи играа многу добро и честитки до тренерот Петар Ѓоргиевски кој не мотивираше за сите овие мечеви. Наградата за најдобар стрелец ја примив со постигнати 6 голови, секако голема благодарност за сите мои соиграчи кои ми асистираа. Ова ми е петто признание за најдобар стрелец и за мене значи ова многу. Ќе се потрудам така да биде и во иднина со многу постигнати голови, изјави Марио Илиевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски