Генерацијата на ФК Вардар родени 2000/01 година освоија прво место на турнирот “Скопје куп“, кој изминативе денови се играше на три терени низ Скопје. Прво место во оваа генерација освои екипата на Вардар, која во финалето беше подобра од тимот на Сесвете од Хрватска. На целокупниот турнир, пионерите кои се предводени од Сашо Тодоровски одиграа пет натпревари на кои забележаа три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Во полуфиналето ја совладавме Шкендија, дури по изведување на удари од белата точка, додека во финалето лесно излеговме на крај со тимот на Сесвете, каде забележавме убедлив триумф и имавме доминација во текот на целиот натпревар.
Турнирот „Скопје куп„ не беше толку добро организиран како минатата година. Ова е мое трето учество на турнирот и оваа година за прв пат освоив прво место. Првобитните очекувања се поклопија со завршните, односно уште пред почетокот на турнирот си поставивме цел да завршиме на првото место. Сметам дека бевме најдобри, но тука беа и конкурентите, Сесвете и Шкендија. Екипата од Хрватска не изненад во групата и не победи, но потоа им вративме во финалето. Јас сум задоволен од мојата прикажана игра и на моите соиграчи. Проблем претставуваше и топлото време и тоа што секој ден имавме натпревар, но наоѓавме сили да одиграме најдобро на секој меч.
Наградата за најдобар играч ја доби токму Марио Илиевски.
-Да бидеме реални, очекував и не очекував награда за најдобар играч, сепак на крајот заврши во моите раце. Секое добиено признание има значење и ти дава дополнителен мотив за понатака да играш подобро. Сега ни останува да се подготвуваме за почетокот на новата сезона, каде се надевам дека ќе имаме подобри резултати во однос на минатата сезона.
Звонко Ивановски