Кадетската репрезентација на Македонија го освои четвротото место на ЕП, кое изминатиов период се играше во Скопје. Во борба за третото место нашите млади надежи беа поразени од селекцијата на Бугарија. Во најголемем дел од мечот, противникот имаше предност и контрола на резултатот. По првиот дел дел имаа предност од 10:13, која на стартот на второто полувреме ја зголемија на највисоки пет гола (10:15). Македонија се обидуваше да се врати на натпреварот, но највеќе што успеа да стори е да се доближи на три гола негатива. До крајот на мечот, Бугарија го врати водството и на крајот славеше со резултат од 20:25.
Две ракометарки од Вардар го носеа дресот на националната репрезентација на ова првенство. Се работи за голманката Јована Мицевска која најдобриот натпревар го имаше против Фарски Острови и крилото Ивона Трпевска која на дуелот со Бугарија постигна два гола. На ЕП во Скопје, Македонија одигра пет натпревари, на кои забележа три победи и два порази.