Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар има само една победа на последните пет гостувања во Турново
Вардар има само една победа на последните пет гостувања во Турново

Вардар има само една победа на последните пет гостувања во Турново

Црвено-црниот фудбалски колектив нема така позитивен биланс на гостувањата кај прволигашот од јужниот дел на нашата земја екипата на ФК Хоризонт Турново.  На последните пет гостувања на стадионот “Кукуш“ во село Турново струмичко, нашиот шампион има остварено само една победа на тие пет гостински дуели.

На петте дуела црвено-црните имаат само една остварена победа, двапати се поразени и двапати дуелите завршувале со нерешен исход и поделба на бодовите.  Односно гледано во бодови од можни 15 бода на овие пет гостувања, имаме освоено само една третина односно 5 бода. Оваа сезона по одиграни 19 кола избраниците на Гоце Седлоски имаат 18 позитивни резулати и само еден претрпен пораз, тој пораз е доживеан токму од Турново на  гости на 22 ноември изминатата година во самиот финиш на есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ. Иако овој терен е неповолен за нас, сепак во неделниот дуел влегуваме како апсолутен фаворит во однос на домаќините, Вардар влегува како лидер на табелата во првата лига со цели 26 бода повеќе од турновци кои моментално се наоѓаат на 8 позиција на табелата со 20 бода што се само 4 позитива од позицијата која води во втората лига. Исто така радува формата која ја покажаа нашите момци во мечот со Ренова кога однесоа победа со 4-1 во еден меч каде целосно доминираа, а и на подготовките во Анталија немаше екипа која можеше да ни го земе “скалпот“.