Ракометарите на нашиот шампион вчера го одработија последниот попладневен тренинг во Скопје пред денес да заминат за Унгарија каде ги очекува тежок натпревар со силниот тим на Пик Сегед. Овој меч е дуел од претпоследното 13-то коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Мечот од елитната европска лига ќе се игра во недела, со почеток во 17-30 часот. Победа на овој дуел за Вардар ќе значи и минување на Пик Сегед на табелата, кои во моментов има бод предност во однос на црвено-црниот машки ракометен колектив.