Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Андов: После првата победа против Војводина очекував злато и максимално се трудев да ја освојам наградата за најдобар голман – Ибиши: Покажавме дека сме Вардар и среќен сум што ме прогласија за најдобар стрелец
Андов: После првата победа против Војводина очекував злато и максимално се трудев да ја освојам наградата за најдобар голман – Ибиши: Покажавме дека сме Вардар и среќен сум што ме прогласија за најдобар стрелец

Андов: После првата победа против Војводина очекував злато и максимално се трудев да ја освојам наградата за најдобар голман – Ибиши: Покажавме дека сме Вардар и среќен сум што ме прогласија за најдобар стрелец

Во периодот од 18-21-ви- јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2001“ година беа дел од силен меѓународен турнир во Сараево, “Играј фудбал, живеј живот“, на кој во конкуренција на осум екипи го освоивме првото место. На целокупниот турнир одигравме четири натпревари, на кои имавме три победи и еден нерешен резултат. Во големото финале ја совладавме екипата на Будуќност (2:0). Покрај трофејот за првото место, освоивме и две поединечни награди. Најдобар голман е Матеј Андов, додека најдобар стрелец е Џемал Ибиши. Какви се нивните импресии од освоеното прво место во Сараево, можете да прочитате во продолжение од текстот.

-Турнирот беше одлично организиран со доста квалитетни екипи, знаевме дека ке има борба на терените и можам да кажам дека тоа ми беше дел од мотивацијата, желбата ми беше преголема и дадовме се од себе за да го достигнеме овој успех. Искрено после првата победа против Војводина очекував злато и максимално се трудев да ја освојам наградата за најдобар голман. Според моите изданија на голот, мислам дека заслужено признанието заврши во моите раце, истакна Андов.

-Јас и тимот за време на турнирот во Сараево се обидувавме да го дадeме максимумот и мислам дека го дадовме најдоброто од себе. Тоа може да се види по резултатите на крајот на турнирот, на кој излеговме како победници. Ние веруваме дека тоа ке се случи, затоа што бевме многу добро подготвени од страна на нашиот тренер , имавме поддршка од нашиот тренер и тој веруваше дека ќе победиме, исто и ние затоа што заслужуваме прво место и успеавме. Радувајќи се за првото место како најдобра екипа на турнирот, бев многу среќен што ме прогласија за најдобар стрелец и тоа ме мотивира уште повеќе. Се надевам дека јас лично ќе продолжам со нови успехи и заедно со екипата. Сите сме многу среќни што покажевме дека ние сме Вардар, тоа беше многу добро искуство за сите нас. Се надевам дека ке продолжиме вака за да одиме напред, изјави Ибиши за нашиот сајт.