Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан: Во секој случај мислам дека ќе бидат тоа два квалитетни натпревари, и посакувам на крајот ние да се пласираме во следната фаза
Барсегјан: Во секој случај мислам дека ќе бидат тоа два квалитетни натпревари, и посакувам на крајот ние да се пласираме во следната фаза

Барсегјан: Во секој случај мислам дека ќе бидат тоа два квалитетни натпревари, и посакувам на крајот ние да се пласираме во следната фаза

Тигран Барсегјан игра одлично во Словенија, нашиот крилен играч со два гола беше играчот на натпреварот против Марибор. Крилниот играч на Вардар, во изјава за клубскиот сајт говори за првиот противник на Вардар, тимот на Пјуник и слично.

„Освен оние први дваесетина минути во кои што нашиот противник имаше шанси и игра, од другото може да кажам дека сум задоволен како одигравме. Што е најважно на 3:0 сакавме да се вратиме, и тоа го сторивме. Успеавме да дојдеме до израмнување, и да го неутрализираме противникот, а ние имавме и неколку напади после кои дури можевме и да поведеме. Во секој случај задоволни сме од на крај од резултатот после сето што се случуваше на мечот и неговиот почеток. Исто така можеме да бидеме задоволни и од подготовките, од пријателските натпревари до сега. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и тука, и потоа на пријателските натпревари“, изјави ерменскиот интернационалец. 

Ждрепката сакаше токму неговите сонародници од Пјуник да ни бидат противник во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. Барсегјан смета дека ќе бидат интересни натпревари, и на крајот посакува Вардар да се пласира во 2. квалификациско коло.

„Пјуник е солидна екипа. Имаат во своите редови играчи кои што во минатото биле репрезентативци и имаат големо искуство со играње во националниот дрес. Имаат исто така и неколку странци. Во секој случај мислам дека ќе бидат тоа два квалитетни натпревари, и посакувам на крајот ние да се пласираме во следната фаза. Сметам дека ако ги пренесеме игрите од тука од подготовките и на тие два меча, ќе немаме проблем и ќе одиме во 2. квалификациско коло во Лигата на Европа“, рече Барсегјан.