Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар им се врати на тренинзите, Јуфо со ситна повреда
Вардар им се врати на тренинзите, Јуфо со ситна повреда

Вардар им се врати на тренинзите, Јуфо со ситна повреда

По одличните три контролни натпревари, играчите на Вардар добија заслужен ден одмор. По вчерашниот одмор, денеска Вардарци им се вратија на тренинзите како подготовка за новиот “тест” дуел, овој пат в понеделник против тимот на Оренбург од Русија.

Одвоено од екипата денеска тренираше Виктор Јуфо поради ситна повреда, а Никола Серафимов ја пропушти подготовката поради повреда на зглобот заработена на последниот меч со Марибор. Сите други фудбалери го одработија утринскиот тренинг.