Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Импресивна сезона за генерацијата “2007“ на ФК Вардар, која освои прво и трето место и постигна 436 голови
Импресивна сезона за генерацијата “2007“ на ФК Вардар, која освои прво и трето место и постигна 436 голови

Импресивна сезона за генерацијата “2007“ на ФК Вардар, која освои прво и трето место и постигна 436 голови

Генерацијата родени “2007“ година на фудбалскиот клуб Вардар успеа да стане шампион на Македонија и да ја освои детската лига. Двете екипи кои беа предводени од Зоран Петковски освоија прво и трето место на завршниот турнир, кој се одигра на терените на фудбалската федерација на Македонија. Вардар (1) имаше импресивна сезона забележувајќи 29 победи од исто толку одиграни натпревари, а Вардар (2) се надмина себеси и на крајот успеа да го освои бронзениот медал, иако беа во шанса да се пласираат и во големото финале на ова натпреварување. Вардар (1) беше голгетерски расположен постигнувајќи неверојатни 265 голови, додека примија 22 голови.

2815-660x330

Ова се сите остварени резултати на шампионскиот Вардар (1) во регуларниот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Њу Старс 12:0

2 коло: Вардар – Форца 6:0

3 коло: Вардар – Шкупи 10:1

4 коло: Вардар – Кул Здравје 4:1

5 коло: Вардар – Албарса 6:0

6 коло: Вардар – Куманово 8:3

7 коло: Вардар – Чаир 12:0

8 коло: Вардар – Нова Колонија 6:2

9 коло: Вардар – Албион 7:1

10 коло: Вардар – Фаст 17:2

11 коло: Вардар – Фортуна 15:1

12 коло: Вардар – Њу Старс 9:0

13 коло: Вардар – Форца  6:0

14 коло: Вардар – Шкупи  13:1

15 коло: Вардар – Кул Здравје (2)  7:1

16 коло: Вардар – Албарса 6:0

17 коло: Вардар – Куманово  12:0

18 коло: Вардар – Чаир  8:1

19 коло: Вардар – Нова Колонија  6:0

20 коло: Вардар – Албион  9:2

21 коло: Вардар – Фаст  18:1

22 коло: Вардар – Фортуна  7:2

Оваа екипа мораше да помине низ четири пречки, за да се пласира на завршниот турнир. Нова Колонија беше противникот кој ни пружи најсилен отпор, но Вардарци и оваа сезона покажаа дека се подобра екипа од овој противник, со кој играа во финалето на ова натпреварување, во претходната сезона.

Елиминациски натпревари во скопско-кумановскиот регион:

1/16: Вардар – Нова Колонија  3:2

1/8: Вардар – Викторија  8:0

1/4: Вардар – Форца  12:0

1/2: Вардар – Фамос  6:1

На завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија имавме импресивни резултати, каде постигнавме дури 23 голови во мрежите на противниците. Во големото финале бевме подобри од екипата на Фер Плеј.

947

Завршен турнир на ФФМ: 

1/4: Вардар – Дарданет  13:0

1/2: Вардар – Фудбал Старс  15:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Фер Плеј  4:0

Состав на Вардар (1): Лука Јаневски, Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Марко Крстевски, Марко Киш, Александар Грашески, Петар Мицевски, Стефан Младеновски, Борјан Томовски, Драган Лебариќ, Кристијан Јаковчевски.

vardarfans-1

За Вардар (2) слободно можеме да кажеме дека се надминаа себеси и направија голем успех. Оваа екипа која имаше променливи резултати во текот на регуларниот дел, на крајот успеа да го освои третото место. Одиграа многу подобро во пролетниот дел од сезоната, а максимумот го достигнаа во елиминациските натпревари. Во текот на целата сезона забележаа  21 победа и 8 порази. Имаа дадено 171 гол во противничките мрежи, а примија 62 погодоци.

Сите нивни постигнати резултати во регуларниот дел од сезоната, со напомена дека не беа одиграни последните два натпревари, против екипите на Македонија Ѓ.П и Кул Здравје.

1 коло: Вардар – Драчево Јуниор 2:6

2 коло: Вардар – Њу Старс 11:1

3 коло: Вардар – Работнички 1:0

4 коло: слободни

5 коло: Вардар – Викторија 4:5

6 коло: Вардар – Скупи 6:2

7 коло: Вардар – Винер Спорт 0:4

8 коло: Вардар – Хет Трик 9:0

9 коло: Вардар – Смилковци 3:1

10 коло: Вардар – Сарај 3:4

11 коло: Вардар – Металург 19:0

12 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П. 4:2

13 коло: Вардар – Кул Здравје 1:6

14 коло: Вардар – Драчево Јуниор  4:0

15 коло: Вардар – Њу Старс  3:0  ( службено)

16 коло: Вардар – Работнички  8:0

17 коло: Вардар – Викторија  2:0

18 коло: Вардар – Скупи  12:4

19 коло: Вардар – Винер Спорт  3:4

20 коло: Вардар – Хет-Трик  4:1

21 коло: Вардар – Смилковци  1:4

22 коло: Вардар – Сарај  7:5

23 коло: Вардар – Металург  8:2

Овој состав во вистински момент ја подигна формата и имаше и повеќе од добри резултати во елимианициске натпревари.

Елиминациски натпревари во скопско-кумановскиот регион:

1/16: Вардар – Металург  10:1

1/8: Вардар – Фаст  8:1

1/4: Вардар – Албарса  5:4

1/2: Вардар – Работнички  8:3

На завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија, бевме поразени во полуфиналето, иако се водеше голема борба со екипата на Фер Плеј, која на крајот успеа да излезе како победник во овој дуел. Сезоната ја завршивме на најдобар можен начин, со убедлив триумф во борба за третото место.

474

Завршен турнир на ФФМ:

1/4: Вардар – Академија Пандев  7:1

1/2: Вардар – Фер Плеј  2:4

Трето место: Вардар - Фудбал Старс  16:1

Состав на Вардар (2) : Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, Михаил Јорданоски, Алексеј Ивановски, Димитар Фидановски, Михаил Крстевски, Лео Манчев, Никола Јовановски, Златко Радески, Војо Стојановски, Петар Котевски, Филип Кузаревски, Младен Тарчуловски.

vardarfans-vardar-2

Честитки за цела генерација, на чело со тренерот Зоран Петковски, кој успеа да донесе еден посебен шарм во играта на младите Вардарци и повторно да ги донесе на врвот во Македонија. Во следниот наш текст за оваа генерација, ќе ви ја претставиме листата на најдобри стрелци, со сите играчи кои постигнаа голови ова сезона.

2023