Нема време за одмор за нашите млади играчи. Откако рано изутринава пристигнаа во Скопје, немаа време за одмор, бидејќи веќе се очекува да пристигнат во Австрија и да им се приклучат на своите колеги на подготовките.
Од шестмината вардарци, четворица пристигнуваат “фит”, додека пак Велковски и Николов имаат ситни повреди. Поради повреда Велковски вчера и не настапи против Португалија, додека пак Николов иако имаше проблеми со прстот на ногата, сепак стисна заби и одигра 90 минути.