Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шампионот на Македонија против шампионот на Словенија
Шампионот на Македонија против шампионот на Словенија

Шампионот на Македонија против шампионот на Словенија

Вардар попладнево ќе го одигра вториот пријателски дуел на летните подготовки во Австрија. Денешен противник на “црвено – црните” ќе биде шампионот на Словенија, тимот на Марибор.

Марибор оваа сезона со убедливи 13 бодови предност ја подигна титулата во својот шампионат. Во овој тим на Марибор во моментов има девет интернационалци. Најдобар стрелец на тимот оваа сезона е младиот Лука Заховиќ со 15 постигнати погодоци на 28 првенствени натпревари. Покрај него, искусниот 38 годишен Новаковиќ сезонава постигнал 11 голови.

Исто како  и Вардар, така и тимот на Марибор, ја темпира својата форма за настапите во Лигата на шампионите. Марибор пред неколку денови одигра пријателски дуел со Шкендија, тој меч заврши без победник 1:1.

Очекуваме еден добар и квалитетен натпревар на овие два шампиона. Натпреварот започнува со почеток во 18 часот.