Пред околу еден месец, по пауза од 18 дена на тренинг се врати Вардаровиот атлетичар Петре Завировски. Од тогаш до денес и покрај временските тешки услови тој постојано работи на својата форма. Завировски вели дека сега се чувствува добро и најави профи “сефте“ на маратон (42.195км) кој планира да го трча во септември или октомври годинава.
Да се потсетиме претходно Завировски има два маратони истрчани во 2013 година. Но ова ќе биде прв дебитански профи маратон за Завировски. Тој сезонава ја започна одлично со две победи во Најк лигата и второ место на престижниот крос кантри Gazi Baba XC Challenge. Порано од очекуваното младиот ваардарец ќе се врати на трките. Тој најавува и учество на пократките трки како подготовка за маратонот. Кој неофицијално ке биде во некој од големите Европски градови.