Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Информации за неделниот натпревар на ФК Вардар против Шкендија
Информации за неделниот натпревар на ФК Вардар против Шкендија

Информации за неделниот натпревар на ФК Вардар против Шкендија

Фудбалскиот клуб Вардар на својата официјална страница излезе со соопштение околу неделниот натпревар против тимот на Шкендија.

ВО НЕДЕЛА СИТЕ СМЕ КОМИТИ!

Еуфоријата пред натпреварот во недела против екипата на Шкендија, расте од ден на ден. Поради тоа, ја информираме јавноста дека продажбата на билетите ќе започне во 11:00ч. пред стадионот “Борис Трајковски.”

Нашите верни Комити подготвуваат одлична кореографија, во која ќе учествува секој навивач на стадионот. За таа цел, упатуваме апел, сите кои ќе присуствуваат на натпреварот:

Да ги завземат своите места, најдоцна до 13:15ч.

Да не ги разместуваат или оштетуваат деловите од кореографијата.

Внимателно да ги слушаат надлежните лица и да постапуваат според нивните инструкции.

Нека ја видат сите силата и сплотеноста на Вардаровите навивачи. Во недела, навиваме само за Вардар!

Исто така, би сакале да напоменеме дека:

Паркирањето пред стадионот ќе биде забрането.

Пред стадионот ќе се продаваат пијалоци во пластични чаши по цена од 50/100 ден. со кои ќе може да се влезе на стадионот. Внесувањето на лименки и стаклени шишиња ќе биде забрането!

Поради влошената финансиска ситуација, на овој натпревар ќе бидат пуштени и “донациски билети” по цена од 200 денари, наменети за навивачите кои веќе си обезбедиле членска карта. Никој од нив не е приморан да ги купи, но во ситуација кога со клубот раководи народот, потребни се голем број на финансиски средства. За таа цел, ја започнуваме оваа акција. Сè за нашиот Вардар!

Пред стадионот ќе се врши размена/купување на членски карти, по цена од 1000 ден.
Полниот стадион во недела, нека ја најави победата. Нека биде ова уште едно големо славје!